Од Нова година струјата поскапа за над 6 проценти!?

Bez autora
Dec 21 2010

Цената на електричната енергија од први јануари 2011 година за крајните потрошувачи најверојатно ќе се зголеми за околу 6,36 проценти, односно домаќинствата за киловат/час електрична енергија ќе плаќаат 4,0280 денари, наместо 3,7871 денар како досега. Како што информираат од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), до оваа бројка е дојдено согласно анализата на доставена документацијата на осумте компании и тоа: производител на електрична енергија ЈП "Стрежево", ТЕЦ "Неготино", ЕЛЕМ Енергетика, операторите МЕПСО, ЕВН-Дистрибуција и ЕВН-Снабдување, ЕЛЕМ-Енергетика (снабдување) и ЕЛЕМ-Дистрибуција. Согласно Правилникот на РКЕ за начинот и условите за регулирање на цени на електрична енергија за 2011 година, направена е комплетна симулација која ќе биде претставена на утрешната подготвителна седница. Пет дена потоа ќе се одржи уште една седница на која ќе се донесе одлука за цената на струјата. Според него, стручните служби на доставената документацијата направиле комплетна симулација, како и анализа на реалните трошоци на компаниите.

Од Нова година струјата поскапа за над 6 проценти!?Цената на електричната енергија од први јануари 2011 година за крајните потрошувачи најверојатно ќе се зголеми за околу 6,36 проценти, односно домаќинствата за киловат/час електрична енергија ќе плаќаат 4,0280 денари, наместо 3,7871 денар како досега.

Како што информираат од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), до оваа бројка е дојдено согласно анализата на доставена документацијата на осумте компании и тоа: производител на електрична енергија ЈП "Стрежево", ТЕЦ "Неготино", ЕЛЕМ Енергетика, операторите МЕПСО, ЕВН-Дистрибуција и ЕВН-Снабдување, ЕЛЕМ-Енергетика (снабдување) и ЕЛЕМ-Дистрибуција.

- Согласно Правилникот на РКЕ за начинот и условите за регулирање на цени на електрична енергија за 2011 година, направена е комплетна симулација која ќе биде претставена на утрешната подготвителна седница - објаснува Димитар Петров, претседател на РКЕ и додава дека пет дена потоа ќе се одржи уште една седница на која ќе се донесе одлука за цената на струјата. Според него, стручните служби на доставената документацијата направиле комплетна симулација, како и анализа на реалните трошоци на компаниите.

На подготвителната седница се очекува да присуствуваат претставници од сите енергетски компании, од Министерството за економија и од Организацијата на потрошувачите, како и претставници од стопанските комори, за да се слушне нивното мислење и ако има дополнително и реално прифатливи аргументи, можна е корекција на крајната одлука.

Според Петров, зголемувањето на цените се должи на порастот на реалните трошоци кај компаниите остварени во претходните години, како и реализираните инвестиции и приносот на капитал за сите компании.

- Најмногу зголемување доби ЕВН - 6,36 проценти, 5,11отсто е за МЕПСО и 1,72 проценти за ЕЛЕМ-Производство - вели Петровски и додава дека крајно зголемување на ЕЛЕМ-Енергетика е 8,63 насто, што е наменето за потрошувачите во кругот на Железара. Тој потсетува дека сепак се работи за првични бројки.

Во РЕК се подготвуваат и предлог-одлуките за корекција на цената на топлинската енергија, а за в петок е закажана подготвителната седница за парното.

- Со досегашните обработени податоци има минимално зголемување на крајната цена на потрошувачите од реонот на снабдувањето Исток, снабдувањето Запад и Центар од 0,6 проценти. Намалување ќе има кај потрошувачите на Скопје - Север за 1,5 насто, а кај ЕЛЕМ-енергетика се довршуваат анализите, но не се очекува некое драстично зголемување или намалување - укажува Петров. Според него, малиот процент на корекција на цената на парното е пред се заради топлото време во изминативе два месеци, што предизвика заштеда на енергија во тој период, а тоа пак, се рефлектира со намален приход за наредната година за овие три компании.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik